Извоз на македонско вино во Сечуан

Bez autora
Dec 04 2013

Делегација на Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот на Комората Бранко Азески, и од сопственикот на најголемата винарница во земјава Тиквеш" од Кавадарци, Светозар Јаневски, во којашто има претставници од Здружението Вина од Македонија", како и од Групацијата М6, вчера беше во посета на една од најголемите кинески провинции Сечуан (со околу 100 милиони жители). Македонската делегација беше примена од гувернерот на провинцијата Сечуан, Веј Хонг, кој изрази подготвеност за проширување на деловната соработка меѓу Македонија и оваа кинеска провинција. Посебно се разговараше за извозот на вина во Кина, посебно во Сечуан, каде што македонските вина се веќе присутни со први количини, а лани во НР Кина беа извезени количини во вредност од 1 милион долари.

Извоз на македонско вино во СечуанДелегација на Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот на Комората Бранко Азески, и од сопственикот на најголемата винарница во земјава Тиквеш" од Кавадарци, Светозар Јаневски, во којашто има претставници од Здружението Вина од Македонија", како и од Групацијата М6, вчера беше во посета на една од најголемите кинески провинции Сечуан (со околу 100 милиони жители).

Македонската делегација беше примена од гувернерот на провинцијата Сечуан, Веј Хонг, кој изрази подготвеност за проширување на деловната соработка меѓу Македонија и оваа кинеска провинција. Посебно се разговараше за извозот на вина во Кина, посебно во Сечуан, каде што македонските вина се веќе присутни со први количини, а лани во НР Кина беа извезени количини во вредност од 1 милион долари. Посетата на Сечуан е во насока на зголемување на извозните можности за целиот вински сектор, како и презентирање на поволностите на македонската економија за привлекување странски инвеститори.

Посетата на македонската делегација продолжува и во текот на следните денови, при што ќе се остварат средби со Бирото за промоција на инвестициите на провинцијата Сечуан, како и со други институции.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik